Веќе повеќе од 50 години имаме чест да бидете корисници на нашите комунални услуги. Ја користам оваа можност во мое и во име на сите вработени во ЈКП „Комуналец“ да ви се заблагодарам за покажаната доверба и да посакам успешна соработка и во иднина. Наша цел е во годините што доаѓаат комуналните услуги да продолжат да се осовременуваат, а како резултат квалитетот на живот за граѓаните на Свети Николе ќе биде подобар.
Во ЈКП „Комуналец“ ни претставува задоволство да и служиме на заедницата, а задоволството е уште поголемо кога тоа сме го сториле успешно. Јавната комунална дејност е многу повеќе од ефикасност и одговорност во работењето. Таа значи целосно разбирање дека секој граѓанин има право на љубезност и внимание, дека конструктивниот критицизам не само што се очекува туку и се бара, и дека признанијата за успешност треба да се заслужат. Повратните информации од ваша страна ќе ни помогнат да ги подобриме нашите услуги.
Во нашите заложби да обезбедуваме постојани и квалитетни комунални услуги потребна ни е и ваша помош. Ниедна организација не може да биде целосно успешна без учество од сите нас. Велат, „Кога обичните луѓе ќе се здружат со заедничка цел, постигнуваат необични резултати“.
Со почит,
вд. Директор
Александар Давчев
ЈКП „Комуналец“
Свети Николе