Целосно сме посветени на остварувањето на сите идеи со кои ЈКП „Комуналец“ ќе биде солидна, квалитетна и ефикасна фирма која ќе одговори на потребите на граѓаните, не само на Свети Николе туку и на останатите населени места.

Во план се проекти за менување на дел од водоводната мрежа, изработка на фекална канализација во некои населби, подигање на комуналниот отпад од селските населби, хортикултурно уредување со нови содржини, набавка на нови машини за потребите за претпријатието, продолжување со градежните работи на повеќе локации и друго.