Старата и нефункционална градежна механизација и возен парк на ЈКП „Комуналец“ со која беше тешко да се одржуваат тековните работи во претпријатието е заменета, и со помош на локалната самоуправа се обезбедени нови градежни машини, нов скип, нов пикап, механизирана метларка, култиватор, косачка за трева и рачни косачки и друга опрема. Целта е со новата механизација, да се консолидираат екипи за работа на терен каде што 24 часа можеме да ги извршуваме работните задачи.
Сето ова е ставено во функција да одговори на потребите на граѓаните за отстранување на дефекти на водоводната и канализационата мрежа, на парковското уредување, на чистењето на улиците и јавните површини и собирањето на смет.