Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ кое ја врши преработката и дистрибуцијата на водата до домаќинствата и индустријата во Свети Николе се чини дека во целост одговори на потребите на граѓаните. Имено, со пуштање во употреа на новата филтер станица за преработка на вода и со доаѓањето на водата од хидросистемот „Злетовица“ и од алтернативното водоснабдување „Дивјак“ сите сомнежи за неисправноста на водата од градскиот водовод се елиминирани. Тоа значи дека водата во градскиот водовод санитарно, хемискии бактериолошки е исправна за пиење и е на нивото на водата од Рашче која ја користат жителите на Скопје.
Сите досегашни испитувања кои секојдневно се извршуваат од релевантните државни институции како што се Институтот за јавно здравје, Хидробиолошкиот завод од Битола и Дирекцијата за храна укажуваат дека во континуитет водата е најисправна за пиење.
Во моментот обезбедени се доволни количини на вода за наредните 50 години и Свети Николе конечно проблемот со водоснабдувањето го надмина.