Овој сектор по обем и работа е еден од поголемите во ЈКП Комуналец. Тој претставува организациона, работна и техничко-технолошка целина која извршува разновидни работи и активности. Во склоп на овој сектор функционираат три одделенија и тоа:

1. Одделение за подигање, транспортирање и депонирање на цврст комунален отпад, депонирање на разен неопасен технолошки отпад, депонирање на градежен шут, како и уништување на запленета прехранбена роба и роба со изминат рок на траење.

– изнесувањето на комуналниот отпад од централното градско подрачје и главните сообраќајници се врши секојдневно, а на останатите улици комуналниот отпад се подига два пати во неделата. Во просек се изнесува и депонира околу 15 тони комунален отпад дневно.

2. Одделение за паркови и зеленило и одржување на јавно прометни површини

– ова одделение е задолжено за одржување на Градскиот парк “Алескандар Серафимов” и новиот парк “Колишев дол”. Исто така, ова одделение има за задача одржување на јавно зелените површини во центарот на градот и одржување на јавно зелените површини што се наоѓаат околу колективните станбени зггради. На подрачјето на град Свети Николе евидентирани се вкупно 160 878 м2 јавно зелени површини. Во склоп на сите активности кои секојдневно ги извршуваат вработените во оваа дејност за потребите за одржување на цветните леи во паркот и други цветни површини во градот ( околу 2500 м2 ) располагаме со сопствен расадник за цвеќе кој е сместен во кругот на ЈКП Комуналец – Свети Николе.

3. Одделение за механизација и одржување

– ова одделение има задача да врши експлоатација и одржување на сите возила, машини и алатки со кои расколага ЈКП Комуналец. Во соработка со одделение за изнесување, транспортирање и депонирање на комунален отпад се врши редовно чистење и уредувањ ена депонија за комунален отпад “Љубин дол” и депонија за градежен шут. Една од главните активности на овие одделенија во зимскиот период е чистење и одржување на сообраќајни површини на територија на Општина Свети Николе. За таа цел се користи механизација на ЈКП Комуналец.