ЈКП Комунaлец – Свети Никoле е локално јавно претпријатие формирано од Совет на Општина Свети Николе за извршување на комунални дејности на територијата на Општина Свети Николе.
Почетоците на претпријатието датираат, односно е основано на Народниот одбор при Општина Свети Николе на седницата одржана на 29.12.1955 година под името Управа за комунални работи “Единство” – Свети Николе. Во текот на своето работење претпријатието поминува низ повеќе трансформации, а со одлука на Собрание на Општина Свети Николе заведена под бр.08-970 од 05.12.1989 година е организирано како Јавно претпријатие за комунални дејности “Единство” – Свети Николе со следните регистрирани дејности:
Работењето на претпријатието во текот на 1999 година е усогласено согласно Законот за јавните претпријатија и вака функционира се 2005 година. Со одлука на Совет на Општина Свети Никоел бр.0701-1162 од 28.10.2005 година од составот на ЈКП “Eдинство” – Свети Николе се издвојува ЈКП “Комуналец” – Свети Николе и продолжува да функционира како нов правен субјект. Основна дејност на ЈКП “Комуналец” – Свети Николе е собирање, обработка и снабдување со вода, а останати регистрирани дејности се: