Филтерната станица е проектирна и започната со изградба во 1982 година, а пуштена во работа во 1984 година како посебна водостопанска Р.О “Мавровица”. Од 1986 година до 2006 година е во склопот на ЈКП “Единство”. Филтерната станица располага со 1 таложник, 6 филтри со максимален капацитет од 25 л/с, 2 резервоари со по 500 м3, 2 пумпни станици и 2 резервоари П.С “Горна зона”од по 400 м3.


Од 2002 година до 2004 година изграден е уште еден таложник, 3 нови песочни филтри со максимален капацитет од по 50 л/с, и 2 комори за изведба на озонирањето и озонатор.

Градот Свети Николе се снабдува со вода за пиење од хидросистемот “Злетовица” (површинска вода) и алтернативно од бунари од месноста викана “Дивљак” (подземна вода). На добиената сирова вода се врши преработка (таложење – филтрирање – хлорирање) на филтерната станица лоцирана во месноста “Сивритепе”.

Во летниот период граѓаните на град Свети Николе се снабдуваат со чиста вода за пиење од околу 70 л/с, а во зимскиот период со 30 л/с.